Тенис
26. April 2016 - 19:31

Јотовски елиминиран во Сегед

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски претрпе два пораза на стартот на фјучрсот во Сегед, Унгарија. Во поединечна конкуренција Јотовски загуби со 2:1 во сетови од Романецот Василие Антонеску. Нашиот тенисер го доби првиот сет со 6:4 во гемови, а потоа ги загуби следните два со 6:3 и 7:5. Мечот траеше 2 часа и 53 минути. Јотовски од Антпнеску беше поразен и на претходниот фјучрс во Унгарија.
Во игра на двојки тој и Никола Чачиќ од Србија елиминирани се од вторите носители полските тенисери Камил Мајчрак и Грегор Панфил со 2:0 во сетови.
Од македонските тенисери во квалификациите играа и Горазд Србљак (настапот го заврши во 3.коло од квалификациите) и Драган Думевски (настапот го заврши во 1.коло од квалификациите).