-->
-->
Јилдирим: Турски авиони учествуваат во ослободувањето на Мосул
-->
Военото воздухопловство на Турција учествува во коалициските воздушни напади во операцијата за ослободување на ирачкиот град Мосул од Исламската држава (ИД), изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
- Нашето Военото воздухопловство учествува во составот на силите на коалицијата. Тоа е одговорот на оние кои велат дека за Турција нема место во операцијата за Мосул, изјави Јилдирим пред пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
Турција има несогласувања со ирачката централна Влада, откако турски војници пристигнаа во кампот Башпика во севрен Ирак и за прашањето за тоа кој треба да учествува во операцијата за ослободување на Мосул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен
-
Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите за соработка
-
Џафери на регионален самит во Котор
-
Маричиќ ги презентираше приоритетите од планот за раст
-
Младите против врсничко насилство
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија