Јавна расправа за предлог-стратегијата за култура во Охрид
Јавна расправа за нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија за 2018-2022 година ќе се одржи денеска во Охрид во рамки на расправите по прашањето што граѓанското здружение „Јадро“ и Министерството за култура го организираат во неколку градови во земјата.
Целта на дебатите што се реализираат со поддршка од Фондацијата „Отворено општество - Македонија“, граѓанскиот сектор и локалната самоуправа е децентрализација на расправата за стратегијата во културата за наредниот петгодишен период, со вклученост на сите чинители, од независната сцена и од институциите.
На дебатите учествуваат претставници од партнерската организација „Јадро“, локалната самоуправа и националните установи на културата, локалните партнери и граѓанскиот сектор, претставници на Работната група за стратегијата и на Советот за култура, како и независни уметници и културни работници.
Министерството за култура, дебатите низ градовите за нацрт-стратегијата, освен со „Јадро“, ги спроведува и со граѓанското здружение „Култ-Транзен“, поддржано со Проектот за граѓанско учество на УСАИД.
Интензивната јавна расправа со сите засегнати страни ќе се одвива до конечното усвојување на стратегијата предвидено за крајот од оваа година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови