Бизнис
1. January 2016 - 19:32

Јануарската минимална плата ќе биде зголемена

Од денеска ново зголемување на минималната плата.  Газдите  во сите индустрии освен во текстилната и кожарската на контата на работниците во февруари наместо 9.590 денари ќе исплатат најмалку 10.080 денари. Текстилците до оваа сума пак ќе стигнат во 2018 година. Зголемувањето на минималецот, според Груевски е исполнување на уште едно ветување дадено пред граѓаните кое ќе влијае на подобрување на нивниот стандард.

Казните за газдите  кои нема да ја почитуваат законската измена се движат од  8 до 9 илјади евра за фирмата и од 4 до 5 илијади евра за одговорното лице. Ако  во текот  на годината го повтори делото глобата се зголемува,  а работодавачот ќе се соочи и со забрана за работа.

Законот за минимална плата почна да се применува пред три години, во 2012 и висината тогаш беше утврдена на 8.050 денари месечно за полно работно време. Од тогаш државата етапно го зголемува износот. Во  2014  достигна до 8.800 денари, а  во 2015  се исплаќаа по 9.590 денари.