Македонија
16. January 2017 - 16:27

Иванов: Според проценките најголем дел од мигрантите во следниот период се очекува да дојдат од Африка

Египет ја има истата улога како брана на илегалната миграција од Африка, како што Македонија ја има кон западна Европа. Двете држави имаат исклучителна потреба до заедничка соработка, на ниво на безбедносни иформации, бидејќи процесот на бегалци во потрага по подобра иднина во Западна Европа, нема да запре, туку напротив, проценките се дека тој ќе се интензивира.

Од Тие аспекти, вели претседателот Иванов, неопходно е земјите од кризните региони, како и оние кои се соочуваат со ваквиот предизвик да ги зголемат капацитетите на соработка. Таа соработка со Египет засега функционира добро. Тоа го потврдуваат и двете посети на Иванов на Египет во една година.

Иванов кој овде во Каиро го отвори форумот за демократска безбедност, вели дека учесниците размениле значајни идеи и податоци за безбедносните предизвици на новото време. За таа цел Иванов потенцираше дека е потребен нов модус што ќе овозможи и одржување на безбедноста и почитување на човековите права и слободи.

- Африканскиот континент ќе биде следниот најголем предизвик за Западна Европа кога станува збор за прашањето за илегалната миграција. Во моментов во Египед има околу 4000 милиони бегалци, а на јужната граница вкупно околу 20 милиони. Но според извештајот на Обединетите нации, населението на овој континент до 2050 година ќе надниме 2 милјарди, што пак ќе значи огромен број лица кои подобрата иднина ќе ја бараат во Европа.