-->
-->
Холанѓанката Шиперс победи на 200 метри со нов европски рекорд
-->
Седмиот ден на СП во атетика минува во знакот на двајца европски атлетичари.
Холанѓанката, Дафне Шиперс, победи на трката на 200 метро и тоа поставувајќи нов Европски рекорд, а воедно и трет најдобар резултат на сите времиња во светот.
Таа истрча во време од 21 секунда и 63 стотинки оставајќи ги зад себе атлетичарките од Јамајка, Илејн Шиперс од Јамајка, која до среброто стигна со 3-стотинки послаб резултат, односно бронзената Вероника Кембел Браун која заостана 34 стотинки зад победничката 21.97.
Ова е прво светско злато на Шиперс, која пред неколку дена заврши втора на 100 метри.
Русинот Сергеј Шубенков изненади во трката на 110 метри со пречки. Тој до златото стигна во време од 12.98 секунди што беше за 5-стотинки побрзо од Хансли Парчмент од Јамајка односно 6-стотинки подобро време од трето пласираниот Ариес Мерит од САД.
Неверојатна трка имаше и на 100.метри со пречки во женска конкуренција, во која Даниеле Вилијамс од Јамајка до мундијалското злато стигна (12.57 секунди), стигна за две стотинки побрзо од Германката, Синди Роледер (12.59), а бронзата ја освои Алина Талај од Белорусија со време 12.66 секунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден