Македонија
17. јуни 2017 - 22:41

Груевски: Битката за Македонија не престанува

Некои луѓе кога доаѓаат на власт се однесуваат како ништо да не постоело пред нив, дека можат секому да наштетат а и веднаш добиваат нагон да владаеат со СЕ во државата, изјави вечерва Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на одбележувањето на 27-от роденден на партијата.. Факт е дека Ние победивме на изборите во декември, Тој што го донесе поразениот СДС на власт, ќе си дојде по своето, изјави Груевски..

-Посакуваме брз прием во НАТО. Истото и за членство во ЕУ. И за реформите кои се од корист за сите, и зад кои нема скриени агенди за партизација на институциите. Но мора да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи максимум за да спречи и блокира закони и постапки кои се надвор од државните интереси на Македонија. Нема да дозволиме нечија чудна еуфорија и одработување на долг заради поддршка, да ги прекрши националните интереси. Факт е дека ВМРО победи на овие избори, а СДС како поразена партија на штета на државните интереси и со суштинска и теренска помош на одредени структури го донесоа СДС на власт, и нормално тој што ги донесе ќе си дојде по своето. Јас стојам зад нашите одлуки, и сум подготвен да носам одговорност за нив, во секоја смисла, изјави Груевски..

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека партијата е во фаза  на внатрешно реконструирање и пред кадровско освежување, постапки со кои се подготвува идниот начин на дејствување во новосоздадената ситуација во државата.. Според Груевски, токму овие реформи се почетокот за повторно враќање на власт..

-Работевме чесно и одговорно. Со љубов и безпоштедно. Грешки и пропусти имаше, но во споредба со успесите, реформите и сите постигнувања тие беа мали, а и тие во периодот кој следи ќе ги исправиме.  Доправа народот ќе види разлика помеѓу СДС и ВМРО. Ама не на зборови и празни ветувања, не на маргинални и мали работи, туку на дела, на вистински и крупни чекори како што се правеа во секоја област, и грижа за својот народ и држава. А и СДСМ која решила онака ,,демократски,, да се пресметува со ВМРО-ДПМНЕ доправа ќе ја види ВМРО-ДПМНЕ, и допрво ќе се соочи со народот, кој денес веќе доволно се разбира, и се му е јасно, вели Груевски..

Сите оние кои и мислат лошо на Македонија, сега ВМРО – ДПМНЕ и треба поделен и ослабен но ќе ги издржиме овие притисоци, порача Груевски на 27 годишнината од формирањето на партијата..

-Јас сум спремен на се, на најподмолни напади, на лажни судења и обвинувања, секојдневни лажни вести за мене, буквално на се. Јас не се плашам од тоа. Но и ВМРО не смее да се плаши од предизвиците кои доаѓаат туку да им погледне во очи и да ја одигра својата историска улога. Следните чекори ќе ги правиме заедно. Јавно и транспарентно, јас само барам од вас да верувате во исправноста на нашето делување и одлуки, кои не се случајни. Ги следам внимателно повиците за виетнамски сценарија, улични борби или формирање на македонски терористички групи, или некакви други опции или блокови со различни стратешки интереси и слично. Тоа се афектни пораки, кои не ја гледаат целата слика, и се заради емотивен набој од неправдата која ни се случува на сите, посебно на државата. Но тоа не е решение. Тоа само може целосно да ја растури Македонија. Јас такво нешто нема да дозволам. И ако цената за тоа е мојата судбина, тогаш нема никаков проблем, еве ја, изјави Груевски..

Ослабнувањето на ВМРО-ДПМНЕ најголеми притисоци ќе има во претстојниот период во пресрет на локалните избори, смета Груевски.. Очекува дека Специјалното јавно обвинителство без никакви докази ќе креира обвиненија за раководството на партијата, а со партизација на судството ќе ги притиснат судиите да судат некого без доказ дека го прекршил законот..

-И додека се ова се готви, немаме ниту реформи, ни просечна плата од 30 илјади денари, ни повисоки субвенции, ни 100 илјади денари плати за лекарите, ни 500 километри автопатишта, ни нови работни места, ни покана за НАТО и преговори со ЕУ, ни повисоки пензии, ниту нешто да им понудат на младите. Во нивните настапи има многу неискреност. Многу лицемерие,  додворување без искреност и прикажување лажна слика. Тоа народот ќе го препознае. Ги нема ни како што тие кажуваа 600те илјади иселени од Макеоднија да се вратат. Се „пењават“ без срам и сечат ленти на фабрики кои ние ги донесовме и во наше време се заврши се. За новим ќе почекаме Самка, Рамиз Мерко и Шапуриќ ќе донеле. Ние освен што донесовме преку 100  компании кои веќе инвестираа низ Македонија, други  триесетина компании ги донесовме во финиш на потпишување договор, но со Рамиз Мерко, Самка  и Шапуриќ, незнам дали некои од нив нема да ја сменат одлуката, изјави Груевски..

Според Груевски, и албанскиот народ во Македонија со тек на време ќе сфати дека коалицирањето со СДСМ нема да им донесе ништо добро во секојдневниот живот.. Лидерот на партијата смета дека ВМРО –ДПМНЕ мора да работи на исправање на погрешно создадената слика пред албанците дека коалицирањето со албански партнер ќе биде товар за Нив..

-Сето тоа беше намерно и тенденциозно создавано, за да се создаде околност каде коалицирањето со СДС би било по посакувано за Aлбанците во Македонија. Искрено обичниот Албанец нема да има никаков аир од тоа што СДС е на власт, а за тоа ќе се уверат за кратко време. На Aлбанците исто како и на Mакедонците и на останатите им треба подобар живот, повеќе пари, работни места, повисок стандард и услови за живот, вели Груевски.

Во говорот по повод роденденот на партијата, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски потенцираше дека во изминатите 11 години, партијата имала 10 изборни победи со што се покажало дека има поддршка од мнозинството граѓани во донесувањето одлуки и реализацијата на проектите..