Грција ќе добие транша од 2,8 милијарди евра
Работната група на еврото дала зелено светло за исплата на транша од 2,8 милијарди евра за Грција, јави грчката државна агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од Еврозоната.
Одборот на директори на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), кој денеска ќе има состанок во Брисел, треба официјално да ја одобри исплата на две под-транши од 1,1 и 1,7 милијарди евра.
Исплатата на под-траншата од 1,1 милијарди евра беше одобрена на состанокот на Еврогрупата на 9 октомври, при што беше утврдено дека Грција во целост ги исполнила сите 15 барања, додека одлуката за 1,7 милијарди евра беше одложена се додека кредиторите не ги добија септемвриските бројки за отплата на државните долгови.
Грција овие податоци ги испрати минатата недела по што претставници на министерствата за финансии на еврозоната дадоа зелено светло за исплата на преостанатите 1,7 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Стартуваше Самитот Македонија 2025 - Како до побрз економски напредок на државата
-
Преглед на вестите од светот
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа