Грчката Влада повтори дека нема да има нови мерки во 2018 година
Тоа што Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидира проекциите за примарниот суфицит на Грција за 2016 година е позитивно, изјави денеска портпаролот на грчката Влада, Димитрис Цанакопулос.
- Ова докажува дека резервираноста на Фондот за фискалните перформанси на Грција, кои ги оддолжија ревизиите на првата и втората програма, беше неоправдана, додаде тој.
Како што јави дописникот на МИА од Атина, Цанакопулос исто така ги отфрли сценаријата за дополнителни мерки во 2018 година.
Тој додаде дека грчката Влада ќе поднесе конкретни предлози и цели на расправата на пролетните состаноци на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд.
Портпаролот на Владата истакна дека цврста позиција на официјална Атина е што е можно пониски вишоци, со цел грчката економија да постигне високи стапки на раст.
- Бараме суштинско и одржливо решение кое ќе вклучува конкретни среднорочни мерки за решавање на грчкиот долг, истакна тој.
Цанакопулос исто така рече дека Владата ќе продолжи напорно да работи за да се постигне сеопфатен договор за завршување на вториот преглед на програмата, одредување на фискалниот курс по завршување на програмата и поставување на среднорочни мерки за долгот со цел да се продолжи кон следниот чекор, учество во програмата на ЕЦБ за квантитативно олеснување.
Ново на Сител
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановста болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје
-
Денот на младоста - Празникот што ги обединуваше младите во поранешна Југославија
-
Денот на младоста - 25 мај одбележан во Кочани
-
Тема на денот со г. Пимен, митрополит европски