Балкан
13. јуни 2016 - 16:35

Грчката полиција иселува мигранти од импровизиран камп кај Поликастро

 Грчката полиција утрово почна  со иселување мигранти од импровизиран камп во Поликастро на границата со Македонија.

 Под надзор на околу 300 полицајци, грчките власти  со автобуси од цела Северна Грција ќе релоцираат во прифатните центри во Солун 1.828 мигранти, кои со месеци живеат на бензинската пумпа кај Поликастро.

Уапсени се 30 лица  странци  од неколку невладини организации, кои се противеле на  дислоцирањето.

Акцијата за релокација на бегалците е планирано да продолжи и утре со празнење на бензинските околу Идомени и Евзони каде се наоѓаат  над 2000 бегалци кои таму се преселија по полициската интервенција за празнење на бегалскиот камп кај Идомени на 24 мај.

Почна извлекувањето на корејскиот траект при чие потонување загинаа 304 лица

Станува збор за една од најголемите поморски катастрофи во историјата на Јужна Кореја. Иницијативата за извлекувањето ја покренаа семејствата на деветтемина исчезнати, кои се надеваат дека телата на нивните блиски се наоѓаат во самиот брод.

3афатот чини 73 милиони долари и го изведува конзорциум од Кина. Планирано е  да заврши до крајот на јули.

Нови 4000 лица безбедно ја напуштиле Фалуџа

 - Ирачката армија денеска обезбеди безбедно извлекување на уште 4.000 жители од градот Фалуџа, кој е под контрола на  Исламска држава" .

 Вкупниот број евакуирани лица, од почетокот на ирачката офанзива за ослободување на градот, достигна 27.580 лица.

Уште 50.000 цивили  се наоѓаат во териториите, кои се под контрола на ИД веќе две години. Фалуџа е последното поголемо упориште на ИД во западен Ирак.