Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
Истрагата за Данка добива нов тек, трет ден како 2 годишното девојче го нема. Родителите повторно се во полиција, а се испитуваат и роднини и соседи. Од утрово целиот двор околу викендичката е прекопан со багер, каде мајката дошла со двете деца.
Се вештачат мобилните телефони на родителите на исчезнатото девојче. Во оваа фаза иако српската полиција практикува полиграфско испитување, не е во можност да го направи тоа со мајката бидејќи е бремена. Медиумите пренесуваат информации од истрагата, според кои сомнежите се моментално насочени кон семејството се испитуваат во какви односи биле и што правеле пред исчезнувањето на детето.
Според соседите, семејството на Данка живее на друго место, во оваа куќа не доаѓале често.
Ловџиите но и сите кои пребаруваа на терен тврдат дека толку мало дете не може далеку да залута и до сега ќе се појавела некаква трага.
Трет ден трае потрагата по двегодишното девојче и за првпат беше активиран системот „Пронајди ме“ во Србија. Се прегледуваат снимки од камери, на една од нив регистрирана е мајката како поминува улица со двете дечиња, по десетина минути на истата снимка бил забележан како пристигнува таткото а потоа и полицијата. Во истото време кога е пријавена Данка за исчезната, има видео на кое се гледа како автомобил забрзано се движи по улицата.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар