Бизнис
29. July 2016 - 16:12

Граѓаните позитивно ја примија веста за намалување на цената за парно греење за 11%

Поветинувањето на парното ги израдува Скопјани. Некои веќе направиле пресметки. Велат дека  со намалувањето од 11 отсто, ќе добијат значително пониска сметка со што ќе заштедат во семејниот буџет.

Регулаторна вчера одлучи од први август цената на најголемиот снабдувач БЕГ да се намали за 10,9 отсто, на Скопје Север  за 4 процетни,  на Елем Енергетика за  потрошувачите кои имаат поставено мерачи  за 11,6 отсто, а за оние кои плаќаат по метар квадратен намалувањето е за 9,15 проценти.  За училиштата и градинките поевтинувањето е за 40,6 отсто и тоа поради промени во тарифниот модел, за компаниите 28,7 проценти

Регулаторна одлучи од сега наместо два пати во годината, порамнување на сметките да с еправи само една и тоа во мај јуни и јули. Декемвриско порамнување повеќе нема да има.

Исклучените и натаму останува да плаќаат месечен паричен надоместок. Тие добија намалување од  2,6 отсто.

Останува и  гратис греењето од еден час плус. И во новата грејна сезона радијаторите наместо до 21 ќе бидат топли до 22 часот. Одлуката беше донесена лани.

Од 2013 година до сега, парното поветини за 30 отсто. Се намалува и трендот на исклучување од градското парно. Лани 800 граѓани се вратиле ан мрежата , а годинава се очекува тоа да го направат 900..

Најголем број корисници  снабдува БЕГ, околу  50. 000,  Елем енрегтика 3.500 , а  Скопје Север 300.