Германија и Турција ќе ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот
Германија и Турција планираат да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.
Таа посочи дека ќе се разговара за „сите форми на тероризам, вклучително и тероризмот на Курдската работничка партија (ПКК)“.
- Германија и Турција набрзо ќе објават и за обновување на меѓусириските преговори. Ние сакавме политичките преговори да продолжат, посебно по тие во Женева, посочи Меркел.
Таа истакна дека треба да се обрне внимание на влијанието на обновата на Сирија брз ситуацијата со вегалците, што е актуелно за Турција, но и за цела Европска унија.
Претходно, Ердоган изјави дека со Меркел воглавно разговарале за развојот на ситуацијата во Сирија, Ирак и во Егејското Море.
Тој додаде дека со Меркел дискутирале и за соработка во борба против групата Исламска држава, за бегалската криза и за можно преземање на заеднички чекори во Сирија.
Тоа е прва посета на Меркел на Турција по неуспешниот обид за воен удар во јули минатата година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници