Георгиевски: Не постоеше голема заинтересираност за независност во 1991 година
Првиот потпретседател на Македонија и поранешен премиер, Љупчо Георгиевски во гостување во тема на денот на Сител Телевизија кажа дека немало многу заинтересираност за независност во 1991 година. Според него, тогаш бил голем стравот од ЈНА дека ќе направи пуч и ќе ги затвори сите тие што се залагат за независност на Македонија.
-Затоа многу македонски политичари беа тивки и исплашени, појаснува Георгиевски.
Тој нагласува дека денес не живееме идеално, но сме покажале капацитет дека треба да имаме и можеме да имаме сопствена држава.
Во однос на војната во 2001 година, Георгиевски вели дека тоа беше за освојување на територии, а не за човекови права, како што зборуваат денеска некои политичари.
-Тогаш се зборуваше за трампа на територии меѓу нас и Албанија, но само беа ставени на маса. Се споменуваше областа околу Преспанското езеро, информира поранешниот премиер.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста