Свет
12. February 2017 - 16:42
Франк-Валтер Штајнмаер е нов германски претседател
Франк-Валтер Штајнмаер е избран за нов претседател на Сојузна Република Германија.
Со апсолутно мнизонство од Бундестагот, претставници на покраините и други јавни личности номинирани од политичките партии, за наследник на досегашниот претседател Јоаким Гаук го избраа германскиот социјал – демократот, 61-годишниот Штајнмаер, кој е прв претседател на Германија од редовите на СПД од 1999 година.
Претходно беше министер за надворешни работи на Германија.
Штајнмаер на должност како 12-ти шеф на германската држава стапува на 18 март.
-
Марина Ристовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->