-->
-->
ФИФА го казни англискиот репрезентативец Деле Али
-->
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) му изрече казна од еден натпревар на англискиот репрезентативец Деле Али.
Играчот на Тотенхем, казната ја заработи за непристојното однесување на натпреварот против Словачка во квалификациите за Светското првенство 2018 во Русија, кога на својот соиграч од репрезентацијата Кајл Вокер му покажа со средниот прст.
ФИФА прво започна истрага против Али, сметајќи дека фудбалерот непристојно гестикулира кон главниот судија на натпреварот, но Англиската фудбалска асоцијација и самиот Али се обидуваа да докажат дека тоа било само „пријателско поздравување“ со својот соиграч.
Без разлика за кого било наменето гестикулирањето сепак, ФИФА немаше милост и го казни фудбалерот.
Така Деле Али нема да може да игра на следниот меч на Англија против Словенија идниот четврток на „Вембли“, но ќе биде на располагање на селекторот Герет Саутгејт, за последниот дуел во квалификациите против Литванија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови
-
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
-
Во земјава нема национален регистар на лица со аутизам