Бизнис
15. September 2017 - 21:24

Фероинвест не го доби тендерот на ЕЛЕМ - компанијата соопшти дека и е нанесена штета на угледот

Компанијата на вицепремиерот Ангушев, „Фероинвест“ нема да го добие тендерот за гумени ленти во РЕК Битола. Од ЕЛЕМ попладнево соопштија дека денешната аукција за тендерот завршила делумно успешно затоа што цените што биле понудени се повисоки од сумата која државната компанија планирала да ја плати за набавката. Од пет пакети, само за еден имало прифатлива цена.

Од ЕЛЕМ велат дека според законот,  една од можностите е да се понитши тендерот за четирите лота за кои немало прифатлива цена и да с ераспише нов. Одлука ќе донесат следната недела.

Регираше компанијата Фероинвест.  Не добивме тендер од ЕЛЕМ, со дезинформациите во јавноста нанесена е штета на компанијата.

Изминативе денови како компанија бевме во центар на интерес на медиумите и беа изнесени низа обвинувања, дека е добиен тендерот од ЕЛЕМ, без притоа неколку дена никој да не се обрати директно во компанијата Фероинвест, од каде јасно кажавме дека допрва ќе следи јавно наддавање. Пласираните дезинформации дека наводно сме добиле тендер, предизвикаа големи проблеми на компанијата и на нејзините бизнис партнери во странство. Предизвикана е и штета по угледот на турската компанија досегашен партнер во вакви наддавања, стои во рекацијата на Фероинвест.

Претходните денови имаше бурни реакции за учеството на фероинвест на тендерот на елем. Антикорупционерите се изјаснија дека законски пречки нема компанијата да учествува на тендери, но од етички аспект учеството во прблематично.