Кошарка
13. November 2015 - 10:10

Евролига: Барселона го победи Локомотив Кубан

Кошаркарите на Барселона синоќа во рамките на 5.коло од Евроигата постигнаа победа над Локомотив Кубан што за руската екипа беше прв пораз во групата оваа сезона. „Каталонците“ славеа со 72:68. Најдобри кај победникот беа Анте Томиќ со 16 поени и 7 асистенции и Томаш Саторански со 10 поени, додека кај гостите Донтаје Дрејпер со 20 и Малком Дилејни со 18 поени беа најпрецизни.
А група: Баерн – Црвена Звезда 79:90, Стразбур – Реал Мадрид и Фенербахче – Химки (играат вечерва).
Табела: Химки 3-1 (победи-порази), Фенербахче 3-1, Реал Мадрид 2-2, Баерн 2-3, Црвена Звезда 2-3, Стразбур 1-3. 
Б група: Анадолу Ефес – Олимпијакос 87:91, Лимож – Емпорио Армани 74:65, Цедевита – Лаборал (играат вечерва).
Табела: Олимпијакос 4-1, Лаборал 3-1, Цедевита 2-2, Анадолу Ефес 2-3, Лимож 2-3, Емпорио Армани 1-4.
Ц група: Барселона – Локомотив Кубан 72:68, Каршијака – Зиелона Гора и Панатинаикос – Жалгирис (играат вечерва).
Табела: Локомотив Кубан 4-1, Барселона 4-1, Жалгирис 2-2, Зиелона Гора 1-3, Каршијака 1-3, Панатинаикос 1-3.
Д група: Макаби – Дарушафака 73:84, ЦСКА Москва – Уникаха и Динамо Сасари – Бамберг (играат вечерва).
Табела: ЦСКА Москва 4-0, Уникаха 4-0, Бамберг 2-2, Дарушафака 2-3, Макаби 1-4, Динамо Сасари 0-4.