ЕУ бара напредок во преговорите со Велика Британија до почетокот на декември
Британската премиерка Тереза Меј и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска изјавија дека двете страни се уште не се подготвени во декември да ја почнат новата фаза во преговорите со кои Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.
Меј и Туск имаa средба за време на самитот на Унијата во шведскиот град Гетеборг. Темите на кои преговорите се блокирани се правата на европските државјани во Велика Британија, статусот на границата со Ирска и исплатата на десетици милијарди што ЕУ ги бара од Лондон. Според Туск, двете страни мора да постигнат напредок по овие три теми најдоцна до почетокот на декември.
И претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер го осуди бавниот напредок во преговорите и порача дека „часовникот отчукува“.
Доколку Лондон и Брисел не успеат да постигнат договор, тогаш се очекува дека Велика Британија ќе ја напушти ЕУ без да има регулиран однос со Унијата, што може да предизвика потешкотии во меѓусебната трговија.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива