„Егзит“ прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година
Српскиот музички фестивал „Егзит“ е прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година во европската туристичка класификација „Најдобри европски дестинации“, што се подготвува во соработка со Европската комисија.
„Егзит“ е на прво место, пред англискиот „Сикрет гарден“ и белгискиот фестивал „Тумороуленд“.
Летните музички фестивали се дел од европскиот идентитет, а „Егзит“ стана еден од најважните фестивали во светот, соопшти „Најдобри европски дестинации“, организација за промоција на европска култура и туризам, во која членуваат 355 европски туристички организации. За изборот гласаат стотици илјади патници од цел свет, а интернет-страницата месечно е посетена од 2,5 милиони корисници.
„Егзит“ се организира секоја година од 2000 година во тврдината Петроварадин, Нови Сад. Фестивалот првично беше замислен како протест против режимот на Слободан Милошевиќ, а во 2005 година „Егзит“ беше посетен од 250.000 луѓе, првенствено странци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден