Македонија
3. April 2017 - 16:10

Еди Рама и Дитмир Бушати продолжуваат со антимакедонски провокативни изјави

И министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати се вклучи во политиките на албанскиот Премиер Еди Рама во директно мешање во внатрешните работи на Македонија. Бушати во преку интервју за Еуроактив, побара платфрормата на албанските партии да стане составен дел од Уставот на Република Мааедонија. Тоа според него ќе дало значаен позитевн резултат за Македонците и Албанците.

– Јас верувам дека со вклучување на т.н. албанска платформа во Уставот и во новата правна рамка на земјата, ќе има повеќе позитивни резултати за двете етнички групи кои живеат во Македонија, или нејзините главни етнички групи – Македонците и Албанците, изјавил Бушати.

Тој не негира дека официјална Тирана стои зад оваа платформа, но тврди дека не постои тиранска платформа, туку документ напишан од три од четирите албански партии во Македонија, а тој документ само бил поддржан од Тирана.

- Ние го поддржуваме документот, бидејќи сметаме дека во овој документ јасно се наведени напорите од страна на Албанците прво да се задржи Македонија обединета. Второ, со него се бара подобра меѓуетничка хармонија во духот на Охридскиот договор, трето за спроведување на договорот од Пржино и четврто да се деблокира патот на Македонија кон НАТО и кон ЕУ со нормализирање на односите со Грција и со Бугарија, а се разбира и со Албанија, Македонија и Косово како соседи, посочува Бушати.

Од друга страна Албанскиот Премиер Еди Рама, продолжува со своите изјави да предизвикува револт кај македонската јавност. Последната од интервју за Франс24, е во насока на пребројување на Албанците во Македонија.

-Во Македонија нема албанско мнозинство, има албански ентитет, има повеќе од 35 отсто Албанци во Македонија. Единственото нешто што треба да го направи Македонија е да го спроведе Охридскиот договор – изјавил Рама, кој посочил дека сака голема Европа, а не голема Албанија.