Македонија
11. December 2017 - 22:30

Две лица се приведени во врска со оружениот инцидент во Охрид

Две лица се приведени а се трага по извршителот на вчерашното убиство во обид во Охрид. Жестоката вербална расправија на пресекот на Булеварот туристичка и улицата Бистрица заврши со пукотница по што 34 годишно лице се здоби со прострелна рана во пределот на десната потколеница. Повредениот со возило од Итната помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, од каде, по укажаната лекарска помош е префрлен во Клинички Центар Скопје.

Охридската полиција има одредени информации кои укажуваат кон идентитетот за можниот сторител.

Извршителот на казненото дело, заедно со уште три други лица, со патнички автомобил „Волксфаген Пасат“ со швајцарски регистарски ознаки, избегале од местото  на настанотод нив две лица кои кои биле со можниот сторител  се лишени од слобода.