Дванаесет лица загинаа во насилства и грабежи во Каракас, 1.500 уапсени од почетокот на протестите
Дванаесет лица загинаа, а шестмина се ранети во насилства и грабежи во главниот град на Венецуела синоќа, соопштија венецуелските власти.
Еднинаесет лица загинале во Ел Вале, сиромашно предградие на Каракас и тие биле на возраст меѓу 17 и 45 години. Некои од нив починале како последица наа струен удар, додека други биле прострелани со огнено оружје. Единаесетте лица загинале при обид да огрбат пекара, додадоа властите, јави ДПА.
Едно лице е убиено во Петаре, регион во источниот дел на Каракас.
Овие смртни случаи се случува во екот на антивладините протести во земјата, кои траат со недели, во кои има жестоки судири меѓу полицијата и опозицските демонстрани.
Околу 21 лице загинаа во Венецуела во насилство, поврзано со протестите, а стотици лица се ранети.
Околу 1.300 лица се уапсени од почетокот на протестите на 4 април, соопшти адвокатската асоцијација. Над 750 лица се уапсени од средата досега.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!