ДУИ ја усвои заедничката платформа на албанските парламентарни партии
ДУИ денеска соопшти дека претседателството на партијата во седиштето во Тетово ја усвоило заедничката платформа усогласена со Коалицијата „Преродба со БЕСА” и „Алијансата за Албанците”, која ќе биде нивна основа во преговорите за создавање на нова влада.
Во дистрибуираната заедничка изјава на трите албански парламентарни партии во Македонија се посочува дека поаѓаат од слободната и демократска волја на албанските гласачи изразена на предвремените парламентарни избори на 11 декември, духот на Охридскиот договор, просперитетот и долгорочната стабилност на Македонија и определбата без алтернатива, за интеграција во НАТО и во ЕУ.
Заедничката политичка агенда на трите партии предвидува реализација на повеќе цели, во идниот владин мандат и/или, како што наведуваат, во секој понатамошен мандат, меѓу кои постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот, целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик во сите нивоа на власта заедно со македонскиот јазик како официјални јазици во Република Македонија, постигнување економска рамноправност преку рамномерен регионален развој, како и решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право со вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
Во платформата се бара и создавање нов механизам во форма на Државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините и создавање Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и поттикнување на економскиот и социјалниот развој во неразвиените подрачја.
Меѓу точките од платформата се и остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата, во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции, зајакнување на владеењето на правото, како и поддршка за непристрасно вршење на работата на Специјалниот обвинител, добри односи со соседите и брза интеграција во НАТО и во Европската Унија
- Исполнувањето на горенаведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во ЕУ, стои во заедничката изјава во која се наведува дека нивното исполнување ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии.
Ново на Сител
-
Три лица полесно повредени во собраќајка на патот Струмица-Радовиш
-
Возило излетало од патот Прилеп - Скопје кај кавадаречко Раец
-
Гаши за Сител: Стана традиција Албанец да е претседател на Собрание
-
На 30 јуни непосредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ
-
Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ се во крајна финална фаза
-
Верижен судир кај Долно Косоврасти, повредено лице пренесено во болницата „Свети Еразмо“
-
Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор е правен акт и реалност, ќе го почитувам
-
Мицкоски на средба со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“