Дневниот извоз на нафта од Иран надминува 1,4 милиони барели
Директорот на иранската буџетска програма Давут Мензур изјави дека дневниот извоз на иранска нафта надминува 1,4 милиони барели.
Според иранската студентска новинска агенција (ИСНА), Мензур ги објави најновите информации за извозот на нафта на состанокот за регулација на буџетот во иранскиот парламент.
– Според буџетскиот план за 2023 година, дневната цел на Владата за извоз на нафта беше 1,4 милиони барели. Оваа бројка е веќе надмината, рече Мензур.
Иранскиот функционер побара од парламентот на земјата одобрение за дополнителен извоз на нафта.
По повлекувањето на тогашниот американски претседател Доналд Трамп од нуклеарниот договор во 2018 година, САД ги зголемија економските санкции кон Иран и ја ограничија продажбата на иранска нафта.
Техеран, кој произведуваше 3,8 милиони барели сурова нафта и кондензат дневно во април 2018 година пред САД да го напуштат нуклеарниот договор, извезувал 2,8 милиони барели, според иранското Министерство за нафта.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Се одбележува денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј
-
24 мај - Ден на Свети Кирил и Методиј
-
УКИМ одбележува 75 години од формирањето
-
На УГД отворена лабораторија за квантитавни истражувања во економски и организациони науки
-
Течат рокови за приговори по вчерашното прегласување, привршуваат преговорите за Влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди
-
Свечена академија во чест на Националниот ден на Власите
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ