ДИК дебатира за прочистувањето на Избирачкиот список
Членовите на Државната изборна комисија на јавна седница дебатираат за прочистувањето на Избирачкиот список што е еден од условите за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни.
Според Силвана Бонева, за неколку дена Избирачкиот список би можел да биде чист и предложи да му се даде рок од три дена на МВР да заврши проверки на 107.453 лица за кои постои сомнеж дека се иселени. Со тоа, според неа, ќе биде завршена проверката на 328.452 записи по сите основи.
И според членот на ДИК Бедредин Ибраими, се покажало дека Избирачкиот список е точен, односно дека се потврдил Избирачкиот список од 2013 година кој бил усогласен со Изборниот законик. Во меѓувреме Избирачкиот список е надграден, дополнет и ажуриран, рече Ибраими.
Виолета Дума смета дека задачата на ДИК не е завршена во целост и тоа на денот на распуштање на Парламентот. Праша дали нема да може да се инкорпорира ништо друго од проверките за Избирачкиот список освен бројката за починати лица.
Дека е потребно уште време за процесот на прочистување на Избирачкиот список смета и Игор Милев.
Претходно, на седницата беше презентиран Извештај за прогресот од вкрстените, теренските и административните проверки. Ќе се бришат од Избирачкиот список 1.129 починати лица.
Теренската проверка за 87.352 е завршена. Заклучно со изутрината во системот се венесени податоци за обработка за 77.128 лица. Се очекува влез и обработка на податоци уште за 10.220 лица.
Ново на Сител
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија
-
Протест во зоната на Визбегово
-
Земјоделците постигнаа времен договор
-
Преглед на вестите од светот