Десеттина илјади граѓани на собирот пред Владата- „Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава“
Околу десеттина илјади граѓани присуствуваат на маршот на граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија. Собирот е масовен и по збирното место пред Владата, присутните се движат кон Канцеларијата на претседателот Иванов, а маршот ќе заврши пред Собранието.
Дури и организаторите истакнаа дека се изненадени од огромниот број на граѓани кои се приклучија, по помалку од 12 часа од формирањето на иницијативата. На маршот се скандира МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНИЈА и се пеат патриотски песни.
-Сите кои сме тука одлучивме на мирен начин. Повикуваме на свест, разум и одлучност. Апелираме вашето демократско право да го изразите мирно и достоинствено, со почитување на законите. Покажуваме почит кон институциите и чуварите на миеор и сите граѓани кои веруваат во иднината на Македонија како мзаедничка држава. Симболот кој не обединува е знамето на РМ, жолтата и црвената боја. Народот е најдобриот чувар на мирот во сопствената држава, истакна Борис Дамовски.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата