Десетина ученици и еден професор со симптоми на труење во училиштето во Бутел
Со симптоми на труење од засега непознат гас попладнево десетина ученици и еден професор во средното училиште Арсени Јовков во скопски Бутел побарале лекарска помош. На Клиниката за Токсикологија примени се 10 деца и професорот, а тројца ученици се јавиле во ГОБ 8 септември. Сите се жалеле на печење во грлото и иритирачко кашлање, а некои чувствувале и главоболка и солзење на очите. Според лекарите стабилна е здравствената состојба на сите пациенти.
-На сите имс е направени крвни анализи,некои и на рендген снимања се пратени, но стабилна е состојбата на сите пациенти, изјави д-р Нестор Поповски, директор на Клиниката за токисикологија
Од земените материјали од пациентите ќе се направат и дополнителни токсиколошки анализи на Судска медицина за евентуално да се утврди за каков гас станува збор. Затруените ученици се различна етничка припадност и биле на ист спрат во училиштето кога почувствувале мирис карактеристичен на силен парфем. Тоа им го изјавиле и на дежурните лекари на Токсикологија.
Доцна вецерва на клиниката се појавија и министерот и заменик министерот за образование, градоначалникот на Скопје, како и директорката на Училиштето.
-Што се случило во училиштето? – Лекарите ќе ви кажат одговори кратко Абдулаким Адеми министер за образование и наука.
Што точно се случило во училиштето по големиот одмор утврдува и полицијата. Според неофицијалните информации на Сител од истрагата, учениците кои имале симптоми на труење од гас изјавиле дека 2 засега непознати лица испрскале спреј во училиштето и избегале во непознат правец. За целиот случај од полицијата повеќе информации најавија за утре.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар