Денеска е Св. апостол Филип - Наутро изговорете ја оваа молитва за исполнување на желби
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 11 октомври.
Денеска е Св. апостол Филип.
Свети апостол Филип потекнуваше од Кесарија Палестинска. Беше женет и имаше четири ќерки. Кога светите апостоли ги бираа ѓаконите во ерусалимската Црква, што требаше да се грижат за бедните и болните и да ги организираат вечерите на љубовта т.е. агапите, меѓу нив беше избран и Филип. А кога настана гонењето на христијаните во Ерусалим, тој се повлече во Самарија и таму го проповедаше Евангелието, и не само што го проповедаше, туку и го сведочеше со многу чуда, изгонување на демони и исцелување на болни. Го заврши овој живот мирно и во длабока старост и се пресели во радоста на својот Господ.
Се верува дека наутро треба да му се обратите со овие зборови: „Апостоле Свети Филип, замоли го Бога да ни ги прости сите наши гревови и да ни подари мир во душите“. Преданијата велат дека секому ќе му биде исполнета желба доколку искрено и од срце му се обрати на овој светител.
Ново на Сител
-
Арсенал се надева дека Жоргињо ќе го продолжи договорот
-
„Данас“/Соговорници: Вучиќ покажува дека ја презира работничката класа
-
Земјотрес од четири степени во поширокото подрачје на Лос Анџелес
-
Русија достави резолуција до ОН за забрана на оружјето во вселената
-
При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица
-
Уште пет дена кампања за претседателските и парламентарните избори
-
Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата во Северна Македонија
-
Велики четврток - почнуваат велигденските празнувања