Македонија
12. March 2017 - 16:10

Демонстрации во Лондон за поддршка на унитарноста на Македонија

Значителен број на Македонци денеска се собраа пред пред Вестминстер во Лондон како поддршка за зачувување на унитарноста и самостојноста на Република Македонија.

-Мојата земја е Македонија и мојот јазик е македонски, пишува на еден од транспарентите.

Припадници на лондонската Метрополитен полиција од присутните добија македонски знаменца.

Македонската дијаспора изминативе денови силно застана зад граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА, која секојдневно протестира за зачувување на унитарноста на државата и отфрлање на тиранската платформа која е вовед во редефинирање на Македонија и нејзина федерализација.