„Дејли Телеграф“: Трамп се откажа од посета на Велика Британија
Американските дипломати се откажаа од плановите за организирање „работна посета" на претседателот на САД, Доналд Трамп на Велика Британија во јануари следната година, како резултат на „вербалната војна“ меѓу него и британската премиерка Тереза Меј, тврди лондонскиот весник „Дејли телеграф“.
Весникот пишува дека Трамп планирал да го посети Лондон во првиот месец од 2018 година, за официјално да ја отвори новата американска Амбасада во британскиот главен град и дека оваа посета била планирана на пониско ниво во однос на државната, бидејќи не било предвидено тој да се сретне со кралицата Елизабета Втора.
Според информациите на „Дејли Телеграф", посетата на Трамп на Велика Британија „нема да се случи во блиска иднина“.
- Идеја за посета очигледно има, но не во декември и не во јануари. Не би ја очекувал посетата на Трамп во јануари, вели неименуван дипломатски извор за весникот.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!