„Дејли мејл“ платил 50.000 евра на сопственикот на парискиот ресторан за да ја добие снимката од нападот
За да ги добие снимките од видеоконтролата при терористичкиот напад, „Дејли мејл“ му платил 50.000 евра на сопственикот на „Каза ностра“, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Оваа информација ја откри телевизиската емисија „Ле Пети Журнал“ на Канал плус, прикажувајќи репортажа снимена со скриена камера. На снимката се гледа како сопственикот на ресторанот е во преговори со англиските новинари.
Според новинарот кој ја сними репортажата, Џафер Аудиа, преговорите траеле 12 часа. Притоа на помош бил повикан и хакер за да ги најде видео снимките од контролните камери, кои беа криптирани од француската полиција.
Пазарот склучен меѓу сопственикот на пицеријата и англиските новинари му дозволиле на англискиот таблоид да има ексклузивни видео снимки. Веднаш потоа хард дискот бил уништен пред нивните очи. Сумата од 50.000 евра била платена во готово.
Минатата недела оваа емисија обелодени дека на англиските новинари им се нуделе видео снимките од полициската антитерористичка акција во Сен Дени. тг/нд/12:17
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети