Дебранец украл пари, злато и други вредни предмети во вредност од 40 илјади евра
Дебарското одделение за внатрешни работи денеска поднесе крвична пријава против 31-годишниот К.Т. за „уцена“ и „тешка лражба извршена во дом на негов сограѓанин.
-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“ и „тешка кражба“,кривична пријава е поднесена против К.Т.(31) од Дебар, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
Според него на трети овој месец, по упатени закани и уцени кон 33-годишна жена од Дебар, пријавениот го добил безбедносниот код од нејзиниот дом и откако влегол, одзел повеќе златни и други вредни предмети и пари во различни валути и апоени со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 40.000 евра.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!