-->
-->
Дан Орјан: Немало средба на Заев со заменик шефот на Мосад
-->
Колку што ни е познато, немало средба со заменик шефот на Мосад. Таква средба не била ни планирана, вели во изјава за МИА израелскиот амбасадор Дан Орјан запрашан дали лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев за време на посетата на Израел се сретнал со шефот на Мосад или друг претставник на израелската тајна служба.
- Имаше средби со претседателот Реувен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот за внатрешни работи Силван Шалом, вели амбасадорот Орјан.
Дел од медиумите кои ја следеа посетата на Заев на Израел, повикувајќи се на, како што наведоа, високи партиски извори, објавија дека лидерот на СДСМ имал срдба со вториот човек на Мосад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот