Дачиќ против условување на дијалогот со Приштина со присуството на САД
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска ја отфрли изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај дека дијалогот меѓу Белград и Приштина може да продолжи само со поголемо учество на САД.
Одговарајќи на новинарско прашање на Белградскиот безбедоносен форум, во врска со изјавата на Харадинај дека преговорите со Белград не се можни без учество на Вашингтон, Дачиќ истакна дека е добро познато оти со резолуција на ОН дијалогот со Приштина е префрлен од Обединетите нации во Брисел.
- Што се однесува до нас, ние сме за тоа тој да се врати во ОН, но ние не сме тука да го запираме дијалогот, туку треба да го поттикнуваме. Изјавата на Харадинај е за внатрешно-политичка употреба на Приштина, нагласи Дачиќ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави изработка на нова платформа за дијалогот со Белград и додаде дека е невозможно да се продолжи дијалогот „доколку и Америка не е на масата".
Минатата недела претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека од потпретседателот на САД, Мајк Пенс добил ветување дека САД ќе бидат директно вклучени во дијалогот меѓу Приштина и Белград.
Портпаролката на Европската служба за надворешни работи, Маја Коцијанчич истакна дека „дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ секогаш ја има поддршката од САД и таа соработка ќе продолжи понатаму“.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски