-->
-->
Дачиќ: Изјавата на Китаровиќ е неевропска
-->
Потпретседателот на српската Влада и шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ рече дека изјавата на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дека Загреб мора да постави ограда на границата со Србија за да се заштити од приливот на бегалци, не е европска, јави Танјуг.
- ЕУ повеќепати рече дека подигнувањето огради и ѕидови на границите не се европски одговор, изјави Дачиќ.
Дачиќ не даде коментар за различните пораки кои доаѓаат од Хрватска, со оглед на тоа дека премиерот Зоран Милановиќ само ден пред изјавата на Китаровиќ рече дека таа држава нема да гради ѕидови и да подигнува граници.
- Тоа се нивни внатрешни односи, заклучи Дачиќ.
Хрватската претседателка изјави дека на таа држава во иднина ќе и биде потребна „некаква ограда“ на границата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови