Чавашоглу: На Турција не може да и се закануваат
Шефот на турската дипломатија Мевљут Чавашоглу изјави дека на Турција никој не може да и се заканува.
Неговата изјава уследи по низата реакции од Европска унија за воведување на смртната казна во земјата.
- Ги штитиме вредностите на ЕУ. Претставниците на ЕУ можат да го кажат својот став, но ако со тоа и се закануваат на Турција, тоа е контрапродуктивно, посочи Чавашоглу за телевизијата Хабертурк.
Претставници на ЕУ предупредија дека евентуалното враќање на смртната казна во Турција ќе значи крај на преговорите за членство во Унијата.
Чавашоглу наведе и дека можно е да има смена на некои од турските амбасадори под сомнеж дека се вмешани во обидот за воен удар.
Турскиот министер за надворешнии работи потенцира дека Анкара уште во декември минатата година побрала притворање и екстрадиција на Фетулах Ѓулен.
Чавашоглу зборувајќи за односите со Русија му се заблагодари на претседатлот Владимир Путин за неговата „безусловна“ подршка против пучот.
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива