Македонија
21. February 2017 - 16:25

Брутално убиена жена во Охрид- убиецот во бегство

Убиство на улицата Галичица во Охрид .67 годишната Спаса Бојоска го загуби животот при обид да биде ограбена во сопствениот дом .Во текот на вчерашниот ден разбојникот влегол во станот ја нападнал со нож и и задал повеќе смртоносни убодни рани  во пределот на главата ,вратот и телото а потоа извршил пребарување низ собите ја заклучил влезната врата и незабележан го напуштил станот.  Беживотното тело било пронајдено од страна на членови на семејството . охридската полиција заислено трага по сторителот.

Охриѓани вознемирени од немилот настан стравуваат дали насилникот на овој грозоморен чин  е вооружен и опасен по околината .Неофицијално се зборува дека станува збор за наркозависник кој ја усмртил жената во својот дом која живеела сама и примала странска пензија.

Инаку пред само една недела на улицата Галичица каде беше пронајдено мртвото тело на жена среде бел ден беше ограбен маркет од лице маскирано  со фантомка и нож во раката а пред околу 2 месеци во оваа населба со закани по живот со нож беше ограбена аптека.