-->
-->
БИБЛ: Триумф на Карпош Соколи
-->
Екипата на Карпош Соколи оствари победа синоќа во натпревар од БИБЛ лигата. Совладана беше екипата на Тирана (тренер е македонскиот стручњак Слободан Петровски) со 78:74. Резултат по четвртини: 33:19; 15:14; 12:26 и 18:15. Ова за Карпош Соколи е прва победа сезонава (АБА лига и БИБЛ лига заедно).
Карпош Соколи подобро го почна натпреварот и по 10 минути водеше со 33:19, но гостите од Тирана во третиот период беа поуспешни, па во последната четвртина се реши победникот. Кендрик Пери со 15 поени беше најефикасен кај Карпош Соколи, додека на дуелот најпрецизен беше Ендрит Хисенаголи со 17 поени. Македонскиот интернационалец во дресот на Тирана Лука Петровски постигна 7 поени.
На вториот натпревар одигран вечерва Теодо – Берое 93:80.
На вчера одиграните дуели: Куманово – Кожув 84:76 и Сутјеска – Фени Индустри 79:71.
Табела А група: Берое 6 бодови, Куманово 6, Кожув 5, Теодо 3, Башкими 3, Приштина 1.
Табела Б група: Сутјеска 6 бодови, Фени Индустри 6, Тирана 5, Трепча 4, Карпош Соколи 4,Пеќ 2.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста