Џет-Сет
15. September 2015 - 12:26

Бен Афлек и со седи влакна е еден од најпосакуваните мажи во Холивуд

Бен Афлек е еден од најсексапилните мажи во Холивуд, но ни тој не е имун на потреси во приватниот живот.

По разводот од Џенифер Гарнер, Бен видливо побеле во косата, а белите влакна ја прошараа и брадата.

Сепак, двојката и понатаму ги дели грижите околу нивните деца, па папараците редовно ги ловат во заедничките одења на педијатар и другарувањето со децата.

На најмалите деца им биле дадени балони кои Бен ги купил по неделната миса во локалната црква. Џенифер и Бен имаат три деца Вајолет (9), Серафина (6) и Семјуел (3).

На крајот на јуни, по 10 годишен брак, холивудската двојка ја објави својата разделба, за изненадување на фановите, кои ги сметаа за идеално семејство.