Белгија протерува еден руски дипломат поради случајот Скрипал
Белгиската влада одлучи денеска да протера еден руски дипломат поради случајот со труење на двојниот агент Сергеј Скрипал во Велика Британија, соопштија локалните медиуми.
Одлуката била донесена на состанокот на премиерот Шарл Мишел и неговите заменици. Се работи за дипломат, кој работи во руската Амбасада во Брисел. Тоа значи, дека мерката важи за руските дипломати акредитирани во Белгија, но не и во НАТО или ЕУ.
Белгија ќе му ја соопшти одлуката на рускиот дипломат во следните 48 часа, а по тоа протераниот дипломат ќе располага со рок од 14 дена да отпатува во Русија.
Во соопштението на владата се прецизира дека белгиските власти ќе се погрижат за спроведување на денешната одлука на НАТО за протерување на седум руски дипломатски претставници, акредитирани во седиштето на Алијансата.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста