-->
-->
Астори имал „патолошка аномалија“?!
-->
Фудбалскиот свет во Италија и пошироко е уште под шок од ненадејната смрт на фудбалерот на Фиорентина Давиде Астори.
Италијанската фудбалска федерација го предаде телото на аутопсија со цел да се открие причината за ненадејната смрт на Астори кој почина во хотелската соба од срцев удар.
Газета дело спорт побара мислење од угледниот доктор на италијанската федерација Транкили :
– Редовните контроли на професионалните спортисти не може целосно да ја елиминира можноста за ненадејна смрт. Истражувањата кои се прават врз фудбалерите го намалуваат овој процент за 89 посто, но не сосема. Во Италија, ние сме должни да имаме комплетни здравствени информации за секој професионален спортист. Оваа контрола кај нас е многу построга во споредба со другите земји. Има премногу истражувата на кои подлегнуваат спортистите, малкумина земји во светот го прават тоа што ние го правиме во Италија. За жал, постојат патолошки болести кои не можеме да ги уловиме. Спортистите под 35-годишна возраст можат да развијат патолошки состојби како хипертфорична кардиомипатија или артритис дисплазија. За овие болести може само да се сомневате, но никако не можете да ги препознаете и откриете на време. Само да биде посликовито, во Италија спортистите најмалку еднаш во шест месеци подлегнуваат на комплетни испитувања, но повторно останува можноста за ненадејна смрт, – објаснува Транкили.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одржува јавна расправа за тужбата на Европскиот фронт за прегласувањето во Ларце
-
Гир: Подготвени сме да работиме со новата влада и со сите кои го поддржуваат реформскиот процес
-
Писториус ја поздрави обуката на украински војници на системи Патриот
-
Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
-
Приведен прилепчанец за шверц на 45 шишиња метадон
-
Средба на лидерите од СДСМ
-
24-годишник избоден во ресторан во Дебар
-
Битолчанец измамил 76-годишна жена за 398.000 денари