Архивски документи покажуваат дека Горбачов добил гаранции дека НАТО нема да се проширува
Новообјавени документи од националните архиви во САД покажуваат дека во раните 90-те години на минатиот век водечки американски и германски политичари му дале уверувања на последниот советски лидер Михаил Горбачов дека НАТО нема да се прошири на исток.
Според документите, кои ги објавија истражувачи од факултетот „Џорџ Вашингтон“, Горбачов се спротиставувал на обединувањето на Германија по падот на Берлинскиот ѕид и Железната завеса и се согласил на тоа само откако добил гаранции дека НАТО нема да се прошири на исток.
Горбачов се среќавал со американскиот државен секретар Џејмс Бејкер и со претседателот Џорџ Буш постариот, германскиот канцелар Хелмут Кол и министерот за надворешни работи Ханс Дитрих Геншер, лидерите на Франција и Велика Британија, Франсоа Митеран и Маргарет Тачер, тогашниот директор на ЦИА Роберт Гејтс и генералниот секретар на НАТО, Манфред Вернер.
Сите му дале гаранции дека доколку Советскиот Сојуз, односно Русија, го прифати обединувањето на Германија, НАТО нема да се прошири кон исток, тврдат истражувачите Светлана Савранскаја и Том Блантон, кои објавија 30-на архивски документи од овие средби.
НАТО сепак се прошири во 1999 година, со приемот на Чешка, Унгарија и Полска, а подоцна прими вкупно 13 нови членки, зголемувајќи го бројот на членки на 29.
Руски политичари, пред се претседателот Владимир Путин, во неколку наврати укажаа дека западните земји ги погазиле нивните гаранции дека нема да има проширување на НАТО кон исток по падот на Берлинскиот ѕид.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво