-->
-->
АО: Американките Венус и Коко изборија меѓусебно полуфинале
-->
Се насмевнува американско финале на Австралиан опен откако Венус Вилијамс и Коко Вандервеј ја формираа првата полуфинална двојка на женскиот дел од грен слем турнирот во Мелбурн. Венус во четвртфиналето ја порази Анастасија Пављученкова, додека Вендервеј направи големо изненадување со победата над Гарбине Мугуруса.
Легендарната Венус Вилијамс на 36-годишна возраст избори полуфинале во Мелбурн со победата во два сета (6:4, 7:6) над Анастасија Пављученкова. Венус последен пат играла полуфинале на првиот грен слем во сезоната, во далечната 2003 година.
Противничка во полуфиналето ќе и биде десет години помладата сонародничка Коко Вандервеј која направи големо изненадување со победата над фаворизираната шпанска тенисерка Гарбине Мугуруса.
Вандервеј на убедлив начин ја порази Шпанката во два сета (6:4, 6:0). Американката на Мугуруса во вториот сел и дозволи да освои само десет поени.
Втората полуфинална двојка во женска конкуренција ќе биде формирана в среда кога се играат мечевите Каролина Плишкова-Мирјана Лучиќ-Барони и Серена Вилијамс-Џоана Конта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата