Македонија
9. јуни 2016 - 16:09

Анкета: Груевски со речиси три пати поголема доверба од Заев

Безмалку 40% од Македонците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ доколку изборите би биле законска обврска, покажува последната анкета на Брима Галуп. Рејтингот на опозицијата и натаму и гарантира убедлив пораз бидејќи за СДСМ би гласале нешто над 19% од анкетираните.

Груевски останува неприкосновен меѓу политичките лидери. Неговиот рејтинг е скоро 3 пати повисок од оној на Заев. Во Груевски веруваат скоро 31% од Македонците а во Заев 12%.

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која повеќе се грижи за потребите на граѓаните сметаа над две третини од анкетираните, а дури 40% од граѓаните повеќе веруваат на зборот на владејчката партија. Ист е процентот на граѓани кои сметаат дека власта на ВМРО-ДПМНЕ подобро би се справила со безбедносните ризи, наспроти 16% кои сметаат дека СДСМ би била подобра во тоа.

Огромна е разликата во корист на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за менаџирањето на меѓуетничките односи и спорот со името.  И во двете категории разликата е речи си 3 спрема 1 во корист на владејчката партија.
осум од десет граѓани не би прифатиле промена на името со додавање гографска одрединца со цел влегување во НАТО. Само нешто под 12% Македонци немаат против да се смени името за Македонија да стане дел од алијансата.

Во однос на политичката состојба, над 56% од Македонците сметаат дека тоа што го прави СДСМ е гола борба за власт, додека една четвртина од анкетираните сметаат дека опозицијата се бори за слобода и демократија.

Над половина анкетирани сметаат дека СДСМ дојде на власт, нема да биде подемократска партија од ВМРО-ДПМНЕ наспроти 25% кои се уверени во спротивното.

Една од причините за слабиот рејтинг на опозицијата според анкетата на Брима Галуп се последните протсти на СДСМ и СОРОС.

Дури 70% од граѓаните не го оправдуваат уништувањето на спомениците и објектите, а поддршка за тоа даваат само 18% анкетирани.

Анкетата на Брима Галуп е спроведена теренски од 5ти до 12 мај врз репрезентативен примерок од 1006 испитаници, а подотоците се извадени од ласачите со македонско етнички потекло.