Бизнис
20. September 2017 - 19:43

Анѓушев: Неопходен е рамномерен регионален развој

Речиси 200 компании кои работат во зоната во Визбегово се уште немаат инфарструктура. Поголем дел од  нив ниту канализиациија.

Станува збор за сероизни компании кои значително го полнат буџетот. Затоа мора да се најде начин да се реши нивниот долгогодишен проблем за да може да функционираат нормално.

Според Анѓушев Македонија е исклучително нерамномерно регионално развиена. Само 18 отсто од населението е покриено со канализациона мрежа.

Посочи дека мора да се работи  на тоа сите граѓани да добијат подеднакви услови за живот, во  спротивно ќе продолжи миграцијата во главниот град што не е добро и е неиздржливо.

Ќе биде изготвен и систем преку кој ќе може да се види кој регион колку пари добила од буџетот.