Бизнис
11. April 2017 - 16:19

Американска компанија ќе произведува масло од канабис за медицинска употреба во поранешен „ОХИС“

Нова американска инвестиција во поранешен Охис. Американската компанија “NYSK Holding ќе произведува масло од канабис за медицински цени.

Инвестицијата ќе се реализира како браунфилд на 2000 метри кавдратни.

Ќе има работа за околу 200 работниците, а првиот готов производ ќе се најде на пазарот веќе во август.

Инвеститорот, македонски иселеник во САД, вели дека оваа компанија доаѓа во земјава благорадение на бизнис форумите кои макеоднската влада во изминатиот период ги организираше насекаде низ светот.

Маслото од канабис кое ќе се произведува овде ќе биде со висок квалитет и ќе с еприменува како природен лек за лицата болни од рак, ХИВ, детска епилепсија и други сериозни заболувања.

Производствто е строго контролирано.

Само 14 земји во светот дозволуваат производствто на масло од канабис, а со оглед на тоа дека интересот за него е се поголем, се очекува бенефитот за макеоднската економија да биде голем.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Грувески вели дека НИСК холдинг ќе влијае на вкупната економија.

Инвестицијата ќе се реализира во наредните пет години, а уште неколку компании веќе имаат почнато процедура за исти капацитети. Оваа инвестиција е втора деновиве.

Претходно, германска компанија објави дека од 01 06 ќе почне со работа во тетовско Желино.