Бизнис
22. January 2018 - 21:11

450.000 граѓани во земјава се сиромашни - 7% имаат само полско WC

Во 21 век во Македонија  , 7 отсто од населението сеуше има полски  ве це, 5,5  проценти немаат када и туш, 0,5 отсто се без телевизор, 30 проценти немаат компјутер, а близу 40 отсто не поседуваат автомобил. 57 проценти од населението не отишле на заболекар затоа што не можеле да си го дозволат тоа.

Според статистиката над 450 илјади македонци се сиромашни.

Најголем е процентот  кај младите односно  оние до 17 години и изнесува скоро 30 отсто.  Кај оние до 65 години стапката  на сиромаштија е 21 отсто, а најниска е кај најстарите однодно кај оние над 65 годни и изнесува 14 проценти.

И од пензионерите 7 отсто се сиромашни.

Анализите покажуваат дека сиромаштијата е поголема кај мажите отколку кај жените. Помали приходи имаат лицата во селата. Од плата домаќинствата во селата остваруваат 170 илјади, а во град 233 илјади денари. Приливите од пензии во селата  се 57 илјади во градовите 87 илјади денари.

Во светски рамки најголема нееднаковост меѓу населението има во Јужна Африка потоа во Намибија и Хаити. Најмала во Украина, Исланд и Словенија.

Од земјите во регионот  освен словенците  добро котираат и Албанија Србија, Црна Гора, Хрватска , БИХ и Грција.

Полошо од Македдонија  е само Бугарија.