Македонија
10. September 2015 - 17:30

40-јубилејно издание на меѓународниот театарски фестивал МОТ

40-Јубилејно издание на меѓународниот театарски фестивал Млад Отворен Театар.

Од 23 до  28 септември  Скопје ќе ги  обедини  сите вљубеници во театарската уметност.

Организаторите најавуваат богата   програма   со седум  меѓународни и седум македонски претстави.  

Во изминативе 40 години на МОТ биле презентирани театарски групи ,театри ,самостојни театарски уметници од над 70 земји од Европа и светот, со повеќе од 700 изведби.  Фестивалот значи многу за театарот  и севкупниот културен живот во Скопје.

Монографија по вод јубилејот чиј автор е столбот , основачот и  почесен претседател на фестивалот  ќе ги содржи сите досегашни случувања .

По повод јубилејот од утре до почетокот на фестивалот ќе можат да се купат билети со 40% попуст.

Претставите ќе бидат изведени на неколку сцени: МКЦ, МНТ, театар ,, Комедија,,, и МОБ .

Вкупниот буџет  за оваа година изнесува 7 милиони денари , од кои 5 м. се  од Министер-ството за култура , а 2 м. се од Град Скопје.