Македонија
10. November 2015 - 17:20

30 дена притвор за двајца од напаѓачите на лекарот на абдоменална хирургија

Судија на претходна постапка им одреди по 30 дена притвор на браќата од Скопје за обид за убиство на хирургот Љубомир Огненовиќ. Според пријавата во лекарот пукал помалиот брат, а поголемиот кршел на Клиниката за дигестивна хирургија. Пиштолот го поседувал без дозвола. Обвинителството против 34 и 36 годишните скопјани покрена истрага за 4 киривични дела, убиство во обид, недозволено држење на оружје, насилство и спречување на службено лице во вршење на работата.  Прво осомничениот бил гневен откако му јавиле дека нивната мајка починала по направената операција. Го зел пиштолот од дома и заминал на Клинички. Таму го нашол брат му. Заедно се упатиле на третиот кат.

-И.Н. на пултот од влезот во одделението за дигестивна хирургија, од дежурната сестра побарал да му каже каде е докторот, која го информирала дека е на брифинг кај шефот на одделението. По кратко време докторот се појавил во ходникот каде што бил забележан од страна на И.Н. кој му се обратил и побарал да разговара со него, по што заедно се упатиле во лекарската соба. Во истиот момент пристигнал и второпријавениот кој заедно со нив влегол во лекарската соба. Внатре без никакво предупредување, И.Н. од палтото го извадил пиштолот и испукал неколку проектили во правец кон докторот, при што со три проектили бил погоден во левата нога. По ова, И.Н. и А.К.Н. излегле во ходникот и почнале да викаат и да му се закануваат на присутниот медицински персонал, дека ќе пукаат и кон нив и во еден момент второпријавениот од пултот земал работен стол–фотелја и ја фрлил најпрвин во стаклената врата која водела кон влезот на лекарската заедничка просторија, а потоа ја фрлил и кон стаклената врата од влезот кон одделението за дигестивна хирургија, по што и двајцата побегнале. изјави Лиза Бендевска, портпарол на СВР Скопје.

При извршениот увид на клиниката биле најдени 7 испукани куршуми. Три проектили завршиле во левата нога на докторот.Осомничените не молчеле при распитот во полициска станица и ги појасниле деталите за случајот.

Нападот врз хирургот резултираше со зголеменоприсуство на полицијата, а клиниките нормално функционираа.

 По вчерашниот инцидент на дигестивна хирургија денеска вратите на хируршките клиники беа отворени за пациентите. Нормално се вршеа прегледи и контроли.

Присуството на засиленото обезбедување ги изненади и пациентите.

Од вчера како превентивна мерка споредните влезови на хирургија се затворени, во зградата се влегува само од главниот влез од кај Стоматологија и преку Ургентен.